Тимот на Ваљадолид, каде што играат двајцата македонски интернационалци Димитар Димитриоски и Мартин Карапалевски, загуби на гости кај Гранољерс.
Во натпреварот од 4 коло од Асобал лигата, Ваљадолид беше поразен со 42-36, откако и на паузата беше во негатива, 18-14.
Димитриоски беше втор стрелец на натпреварот и успеа да постигне пет погодоци од седум обиди, додека Карапалевски имаше еден гол од три.
Ваљадолид сега има биланс една победа, едно реми и два порази, а во следното коло ќе игра дома против Бенидорм.