Тимот на Орнео Аликанте, каде што игра македонскиот интернационалец Дарко Димитриевски, загуби кај моќната Барселона со 51-32.
Во натпреварот од 16 коло во Асобал лигата, Барселона го израмни својот рекорд по број на постигнати голови на еден натпревар.
Димитриевски беше втор стрелец на натпреварот во „Блауграна“ и успеа да постигне пет погодоци во мрежата на Филип Шариќ.
Аликанте се наоѓа на 9 место на табелата и досега освои 12 бодови во Асобал лигата, а следен предизвик за Македонецот и неговиот тим ќе биде домашниот дуел со Гвадалахара.
























