Петар Ненадиќ ја заврши кариерата!

Еден од најдобрите српски ракометари, Петар Ненадиќ, реши завршената сезона да му биде последна во кариерата.

Во богатата кариера, која започна во Црвена Ѕвезда, ги носеше дресовите на Алгесирас и Барселона од Шпанија, унгарскиот ПИК Сегед, данскиот Холстебро, полската Висла Плоцк, германскиот Фуксе Берлин, потоа Веспрем и ПСЖ.

Последен клуб во кој играше е Ал Калеј од Саудиска Арабија, каде што играше три месеци на крајот на минатата година.

„Секое патување има свој почеток и крај. Јас на моето бев 21 година. Време да му кажам збогум на ракометот. Едно поглавје е затворено, почнува друго“, напиша Ненадиќ.

Во дресот на националниот тим играше до 2022 година, но таму немаше забележителен успех.