ФОТО: Андреј Ристески

Петар Атанасијевиќ: Оваа победа е добра за екипата да ја подигне самодовербата

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер по поразот во Автокоманда им се врати на победите во Супер лигата, откако на свој терен славеше над Радовиш со 45:23 во натпревар од 9. коло.

Домашниот тим победата ја најави уште во првите десетина минути, на пауза замина со предност од 21:11 и рутински ги одигра вторите 30 минути, во кои гостите поради кратката клупа не можеа да ја преполоват негативата.

Младиот Петар Атанасијевиќ истакна дека сите играчи кои што беа во денешниот ростер одиграле максимално.

,,Во денешниот натпревар ние бевме фаворитите и ја оправдавме таа улога. Одигравме фокусирано и максимално во двете полувремина и се подготвуваме што е можно повеќе да бидеме подобри во настапите во ЛШ. Сите одигравме максимално, добро е за екипата да ја подигнеме самодовербата после одиграниот натпревар со Алкалоид”.

Следен предизвик за Еурофарм Пелистер ќе биде натпреварот со Фредериција во Данска од 7. коло од Лигата на шампионите.