Петар Атанасијевиќ отпадна од комбинација, Лазаров повика нов ракометар

Машката репрезентација на Македонија денеска ќе го има првиот собир пред квалификацискиот двомеч со Словенија за пласман на ЕП 2026.

Поради повреда од комбинација отпадна левото крило Петар Атанасијевиќ, а селекторот Кирил Лазаров дополнително повика нов ракометар.

Тоа е соиграчот на Атанасијевиќ од Еурофарм Пелистер, Цветан Кузманоски, кој одлично игра во пролетниот дел од сезоната.

Македонија и Словенија првиот меч ќе го одиграат во Скопје на 12 март во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 20:00 часот, додека втората средба е во Копер на 16 март во „Бонифика“ со почеток во 18:30 часот.

Нашата репрезентација е на делба на втората позиција со Литванија со по два бода, додека Словенците се први со четири бода и две победи на два меча, додека Естонија е последна без бодови.

За Македонија покрај двомечот со Словенија ќе остане уште гостување кај Естонија во Талин и домашен натпревар против Литванија во мај.