Еурофарм Пелистер одигра одличен натпревар против бундеслигашкиот првак Кил, иако на крајот загуби со 23:20 во натпревар од третото коло од Лигата на шампионите.
Избраниците на Александар Јовиќ речиси до финишот беа во игра за барем нерешен резултат, додека до 50-та минута за освојување на бодовите.
Солиден натпревар во дуелот со „зебрите“ одигра левото крило Петар Атанасијевиќ, кој после загубената битка со германскиот првак ги сподели своите импресии
,,Недостасуваше малку искуство, тимот на Кил е елитна екипа, шампион на Германија, чест е да се игра со нив, сите играчи го дадоа својот максимум, игравме лесно, немавме некој притисок дека морада добиеме, но сакавме да го дадеме максимумот. Може да се напредува уште многу, како што велат старите – додека си жив учиш, така да може од секој натпревар да учиме, да видиме каде ни се грешките, лоши моменти, мислам дека има многу место за напредок кај сите играчи”, изјави Петар Атанасијевиќ.
Следен ривал на Еурофарм Пелистер во рамки од Лигата на шампионите ќе биде најбогатиот европски клуб – ПСЖ.
Гостувањето на пелистерци во градот на светлината е закажано на 12 октомври.
Еурофарм Пелистер го покажа вистинското лице, чесен пораз од Кил!