ФОТО: Андреј Ристески

Петар Атанасијевиќ: Фредериција не е екипа за потценување

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер ќе ја пречека данска Фредериција во натпреварот од осмото коло во Лигата на шампионите.

За битолскиот тим ова е важен натпревар, бидејќи со евентуална победа ќе си ги зголеми шансите за пласман во осминафиналето од европската елита.

На првиот натпревар, кој беше одигран во Оденсе, македонскиот шампион со пресврт во вториот дел дојде до два важни бода, триумфираше со 25:23.

Младиот член на Еурофарм Пелистер, Петар Атанасијевиќ, ги сподели своите очекувања за утрешниот дуел, истакнувајќи дека данскиот тим не треба да се потцени.

,,Од пред неколку дена имаме нов тренер кој што според неговиот план за работа воведува некои мали промени во системот за игра да бидеме подобри. За утрешниот натпревар со Фредериција данскиот вицепрвак во рамките на групната фаза натпреварот ќе биде исто тежок како и во гостувањето во Данска, но во Битола мислам дека ќе победиме ако го дадеме нашиот максимум како што го дадовме таму. Овој пат имаме и осми играч тоа е и публиката во Битола предводени од навивачката група Чкембари. Нема да биде лесно да се дојде до победа бидејќи Фредериција не е екипа за потценување”.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Фредериција се игра утревечер во салата „Боро Чурлевски“ со почеток во 20:45 часот.

Алонсо: Натпреварот против Фредериција е со голем влог – ќе решаваат детали

 

Тајник: Цела Битола очекува победа, а ние ќе се потрудиме да ја оствариме