Пет селекции на чекор до ЕП, Македонија во Куманово пред битка за „живот или смрт“

Женската сениорска репрезентација на Македонија загуби од Белгија во првата меѓусебна пресметка во квалификациите за ЕП 2026 што за првпат ќе се игра во пет земји – Романија, Турција, Полска, Чешка и Словачка.

Но шансите за ЕП не се загубени, а за да останеме во игра ќе ни биде потребна победа од два гола разлика над Белгија на реваншот во Куманово, а потоа да чекаме и два порази на ривалот во последните две кола против Германија и Словенија.

Македонија за да оди на континенталниот собир во декември ќе мора да биде меѓу четирите најдобри третопласирани од шесте квалификациски групи, a во тој биланс ќе се пресметуваат само резултатите (и гол-разликите) во дуелите со прво и вторпласираните репрезентации во групите.

Трети победи во квалификациите запишаа Шведска, Шпанија, Холандија, Франција и Германија, па веќе може да се подготвуваат за настапот на ЕП, додека по шок поразот кај Исланд, Црна Гора ќе мора да ја довршува работата во реваншот во 4 коло.

Квалификации за ЕП 2026, 3 коло, резултати:

група 1
Хрватска – Франција 19-30
Финска – Косово 23-21

група 2
Швајцарија – Холандија 21-39
Босна и Херцеговина – Италија 28-25

група 3
Словенија – Германија 23-30
Белгија – Македонија 26-25

група 4
Исланд – Црна Гора 28-27
Фарски Острови – Португалија 25-21

група 5
Србија – Шведска 26-29
Украина – Литванија 30-29

група 6
Австрија – Шпанија 24-29
Израел – Грција одл.