Ракометарките на Чаир ја продолжија победничката низа во Супер женската лига, откако триумфираа над Астибо со 41-27.
Билјана Дамчевска и Рона Мифтари комбинираа 17 погодоци во мрежата на штипјанки, кај кои стандардно прво име беше Марија Анчева со 11 голови.
На паузата беше 21-9 за избраничките на Басри Љатифи и јасно беше каков тек ќе има овој натпревар во второто полувреме.
Чаир е прв на табелата со пет од пет и десет бодови, додека Астибо е шесто место со три освоени бодови.
Во следното коло Чаир ќе сретне со Куманово на домашен терен, а штипјанки ќе го пречекаат Металург Автокоманда.