Пo триумфите над Радовиш и Прилеп, како и Бутел Скопје и Тиквеш, пред ракометарите на Охрид е езерското дерби против Струга.
Српскиот интернационалец Живан Пешиќ за првпат ќе игра на ваков натпревар, вели дека доколку тој и соиграчите бидат на ниво, нема да имаат проблеми да стигнат до победа.
„Оваа сезона тргнавме одлично, имаме четири победи на четири натпревари. Дербито ќе биде многу важно за нас и сакаме да продолжиме во ист ритам кон нашата цел. Не смееме да потцениме во ниту еден момент ниедна екипа, мора да бидеме вистински бидејќи секое дерби си носи тежина. Сметам дека нашата форма расте, и мислам дека ако одиграме како што знаеме, нема да имаме проблем во Струга. Се подготвуваме максимално, тренираме добро и одиме на победа. Ние имаме наш систем кој го играме“, изјави Пешиќ.
Натпреварот меѓу Струга и Охрид ќе се игра утре во салата „Тими“ со почеток во 16:30 часот.