Македонија се пласираше во главната рунда на Мундијалот во Хрватска, Данска и Норвешка по триумфот над Гвинеја со 29-20.
Кружниот напаѓач Жарко Пешевски вели дека сепак не беше рутинска победа, но дека Македонија заслужено оди понатаму.
„Не беше рутински, отворивме малку потешко од очекувањата, но искуството и квалитетот го прекршија натпреварот и заслужено одиме во главната рунда. Не чекаат сериозни и тешки противници, проти кои ќе ни треба сериозна поддршка, но ние сме на добар пат, ќе продолжиме да се бориме и да играме во исто светло, за да ја израдуваме публиката“, изјави Пешевски.
Македонија сега ја чекаат пресметки против Австрија, Катар и Франција во главната рунда на СП.