North Macedonia vs Hungary, 29th IHF Men’s World Championship 2025, Varazdin, Croatia, 15.01.2025, Mandatory Credit © Jure Erzen / kolektiff

Пешевски: Против Холандија ќе решаваат само нијанси

Машката репрезентација на Македонија утре ќе го одигра вториот натпревар на Светското првенство во Данска, Норвешка и Хрватска.

Втор ривал на избраниците на Кирил Лазаров ќе биде репрезентацијата на Холандија, која во својот состав има неколку ѕвзеди.

Кружниот напаѓач на Македонија, Жарко Пешевски, ги истакна очекувањата за утрешниот дуел и најави голема борба.

,,Натпреварот против Унгарија го оставаме зад себе, сега сме фокусирани за Холандија. Максимално сме мотивирани, би било жалосно да не сме, кога имаме поддршка од голем број наши навивачи, а најавите се дека ќе дојдат уште повеќе. Ние ќе излеземе на терен со ладни глави, максимално мотивирани и верувам дека ќе стигнеме до добар резултат. Холандија е анализирана од претходно, тие играат поинаков ракомет, може да се каже дека многу се побрзи, имаат одлични индивидуалци, ќе биде сосема различен натпревар, ние имаме свои шанси против нив”, изјави Пешевски.

Македонија и Холандија имаа соочување на Мундијалот 2023, тогаш Холанѓаните беа убедливи, но Пешевски вели дека сега поголемиот број репрезентативци го имаат потребното искуство.

,,Во Краков беше една друга репрезентација, многу од овие играчи што се тука, тогаш беа на своите почетоци во репрезентацијата, сега сме поискусна репрезентација. Го паметиме тој дуел и поразот, но сепак верувам дека утрешниот меч ќе биде сосема поинаков, би решавале само нијанси и според мене, тој што ќе направи помалку грешки ќе го добие мечот“, вели Пешевски.