Пешевски: Натпреварите во Швајцарија ќе ни помогнат за темпирање на формата пред ЕП

Македонската репрезентација веќе се аклиматизира во Винтертур, каде од утре ги очекува трите меча на „Жолтиот Куп“.

Прв ривал на Македонија ќе биде Бахреин, додека во следните два меча нашите момци ќе играат со Украина и домаќинот Швајцарија.

Кружниот напаѓач Жарко Пешевски ги сподели очекувањата од турнирот.

„Кратко беше времето за адаптација по долгото патување, но одработивме тренинг и ќе се фокусираме на предизвикот. Ќе се соочиме со селекции кои максимално ги почитуваме, но и ние си имаме свои планови и се надевам дека ќе ги исполниме сите барања од селекторот. Овие контролни натпревари ќе ни послужат за темпирање на формата и за подобрување на нашата игра во одредени сегменти. Сето ова искуство се надевам дека ќе го пренесеме во една позитивна енергија која ќе ни даде мотив повеќе за настапот на ЕП“, изјави Пешевски.

Македонија по настапите во Винтертур ќе патуваат за Данска, каде на 13 јануари ќе го играат последниот пријателски меч пред ЕП против данскиот прволигаш Митјиланд.