Машката репрезентација на Македонија денеска ќе се соочи со Австрија во рамки од првото коло од главната фаза на Мундијалот во Данска, Норвешка и Хрватска.
Кружниот напаѓач Жарко Пешевски смета дека натпреварот со Австрија, како и оној со Катар, ќе биде неизвесен до самиот финиш.
„Пласманот во главната рунда за Македонија значи многу. Максимално се подготвувавме за ова. Натпреварите од првата фаза со Унгарија, Холандија и Гвинеја ни се дополнителна мотивација да бидеме уште поуспешни, поборбени и помотивирани во следната фаза. Сметам дека натпреварите со Австрија и Катар кои ни престојат ќе бидат неизвесни до самиот крај, максимално сме подготвени и борбени и тоа ќе го покажеме и на терен“ – изјави Жарко Пешевски.
Натпреварот меѓу Македонија и Австрија е на програмата од 15:30 часот.