Перфекција за сканди-триото: Данска, Шведска и Норвешка со убедливи победи на СП

Скандинавските селекции – Данска, Шведска и Норвешка, стартуваа убедливо на Мундијалот во Германија и Холандија.

Можеби најдобрата ракометарка во светот во моментов, Норвежанката Хени Рајстад, даде десет гола за светскиот вицепрвак на мечот со Кореја и беше најдобар стрелец.

Данските ракометарки под водство на новата селекторка Хеле Томсен, немаа проблеми против Јапонија, а Ане Мете Хансен даде шест гола.

Швеѓанките имаа мали проблеми против Чешка во првиот дел, но доминираа во вториот, додека Унгарија предводена од Грета Мартон со седум гола лесно го реши Сенегал.

Светско првенство, 1 коло, резултати:

група А
Данска – Јапонија 36-19
Романија – Хрватска 33-24

група Б
Унгарија – Сенегал 26-17
Швајцарија – Иран 34-9

група Г
Шведска – Чешка 31-23
Бразил – Куба 41-20

група Х
Норвешка – Јужна Кореја 34-19
Ангола – Казахстан 38-20