Тимот на Цирих, каде што игра македонскиот интернационалец Мартин Поповски, оствари важна победа во швајцарскиот шампионат.
Предводен од десното крило, Цирих славеше на гостувањето кај незгодниот тим на Фади Винтертур со 33-29.
Поповски продолжува да игра во одлична форма, и на овој натпревар успеа да погоди шест пати од шест обиди, со што беше прв стрелец во победничкиот тим.
Цирих сега има 24 бода на втората позиција зад Кадетен Шафхаузен, кој е лидер со 29, но следниот натпревар ќе игра дома токму со тимот на Хрвоје Хорват, па ќе има шанса да ја намали предноста.