Переира: Лазаров гради сериозен проект подолго време, мора да бидеме внимателни

Македонија и Португалија ќе го одиграат вториот натпревар на Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка.

Португалците славеа во првото коло, Македонија загуби, па на овој дуел „хероите од морето“ со триумф ќе се пласираат во ТОП 12, а нашите момци мора да слават ако сакаат да останат во игра за главната рунда.

Селекторот на Португалија, Пауло Переира е внимателен пред пресметката со Македонија.

„Македонија е репрезентација што ја познаваме, игравме против нив, иако можам да кажам дека тоа не е истата селекција од пред две години. Селекторот Лазаров работи со оваа екипа подолго време, гради сериозен проект и ќе мораме да бидеме внимателни. Имаме одредени информации од нивните последни натпревари, Македонија дефинитивно е ривал против кого ќе мораме да бидеме внимателни. Мораме да се подготвиме максимално, верувам дека тоа ќе биде случај, бидејќи математички со две победи над Романија и Македонија во првите две кола би имале обезбедено пласман во следната рунда“, изјави Переира.

Македонија и Португалија ќе играат вечерва во „Јуске Банк Боксен“ во Хернинг со почеток од 18:30 часот.