Репрезентацијата на Португалија вечерва против Данска ќе се бори за пласман во финалето на Светското првенство 2025.
Португалците пласманот во полуфиналето на Мундијалот го обезбедија со триумфот над Германија од 31:30.
Селекторот на Португалија, Пауло Переира, е свесен за моќта на актуелниот светски првак.
,,Се среќаваме со вистинска машинерија. Тие се најдобра репрезентација на светот неколку години наназад. Понекогаш е невозможно да се запрат, но како и секоја репрезентација, верувам дека Данска има одредени слабости во играта, па ние ќе се обидеме да го искористиме тоа”, изјави Переира.
Полуфиналниот натпревар меѓу Португалија и Данска е на програмата од 20:30 часот.