Селекторот на женската сениорска репрезентација на Романија, Флорентин Пера, ќе остане на селекторската фунција до крајот на 2026 година.
Според информациите на романскиот портал „ПроСпорт“, искусниот стратег и романската ракометна куќа постигнале нов заеднички договор.
Ова значи дека Пера ќе треба да подготво добра стратегија за настап на Европското првенство 2026, на кое Романија е еден од домаќините.
Пера селекторската функција на Романија ја презеде во 2022 година, а освен што е селектор, моментално е и тренер на амбициозната Глорија Бузау.
Романките на ЕП 2010 го освоија последниот медал на континенталните собири, па така во 2026 ќе имаат големи амбиции да обезбедат пласман меѓу најдобрите четири репрезентации.