Пера ги отвори картите – еве го списокот на Романија за ЕП 2024

Селекторот на женската репрезентација на Романија, Флорентин Пера, го објави списокот на ракометарки за Европското првенство во Унгарија, Швајцарија и Австрија.

Тој ќе смета на 18 ракометарки, кои ќе бидат дел од натпреварите во „Златната лига“ во Данска, а потоа и на континенталниот собир.

На списокот ја нема Кристина Ласло, која Пера ја тренираше во неговиот клуб Глорија Бистрица, по нивниот меѓусебен конфликт, а нема да игра ниту Елиза Бучески, која се откажа од националниот тим, откако Пера не ја повика на последните два собири.

Романките се во групата Б што ќе се игра во Дебрецин, заедно со Црна Гора, Србија и Чешка, па ќе има добри шанси да се избори за главната рунда.