Пелистерецот Хаџиќ доби репрезентативен повик

Членот на Еурофарм Плеистер, Алем Хаџиќ, се најде на поширокиот список кај босанскиот селектор Дамир Доборац пред двата квалификациски натпревари против Грузија за пласман на Европското првенство 2026.

Младиот Хаџиќ, кој има само 17 години, од оваа сезона е дел од првиот тим на македонскиот шампион, а покрај настапите во суперлигашката конкуренција, шанса доби и на неколку натпревари од Лигата на шампионите.

БиХ во квалификациите за континенталниот собир 2026 се наоѓа во група со Грузија, Исланд и нашиот јужен сосед, па така на останатите четири натпревари секој освоен бод ќе биде од големо значење за босанската репрезентација.

На првите два квалификациски натпревари БиХ загуби од Исланд, а славеше во Тузла против Грција и со два бода се наоѓа на второто место во својата група.

Избраниците на Доборац двата натпревари против Грузија ќе ги одиграат на 13 и 16 март. Најпрво ќе гостуваат во грузиската престолнина Тбилиси, потоа во Цазин ќе ја пречекаат селекцијата на Тите Каланадзе.