Иако Бразил не успеа да го освои трофејот на првенството на Средна и Јужна Америка, бразилски репрезентативец стана најдобар стрелец.
Членот на Еурофарм Пелистер, Рудолф Хекбарт, постигна 37 погодоци на петте одиграни натпревари и беше „крал на стрелците“.
Особено импресивна беше победата на Бразил над Перу со 66-14, а на овој дуел Хекбарт постигна дури 15 гола од 16 обиди!
Претходно „кариоките“ ги победија Парагвај со 40-18 (Хекбарт шест гола), Уругвај со 33-25 (Хекбарт четири гола), како и Чиле со 34-21 (Хекбарт пет гола).
На последниот натпревар, кој практично беше финале, против Аргентина, 26-25, крилото на пелистерци беше најдобар стрелец со седум гола од осум обиди.
























