Голманот на Еурофарм Пелистер, Филип Ивиќ, беше задоволен по триумфот на неговата Хрватска над Исланд со 32-26, и зголемените шанси за место во четвртфиналето на СП 2025.
Ивиќ, иако во моментов не е дел од националниот тим, ги следи настапите на Хрватска и се пошегува на сметка на Исланѓаните, алудирајќи на тоа што исландскиот селектор Снори Гудјонсон ги однесе на вечера неговите ракометари во синџирот за брза храна „МекДоналдс“ по триумфот над Египет.
„Подобро ќе беше да отидеа да јадат јагнешко, пршута, телешко…Можеби подобро ќе одиграа“, вели низ смеа Ивиќ за „Нет“. Навистина сум среќен, срцето ми е големо како куќа. Кога ја слушав химната, се наежив, а можам да замислам како им беше на играчите и навивачите што беа во салата. Сигурно било посебно чувство. Момците заслужија да победат, секоја чест“, вели Ивиќ.
На Хрватска сега и потребна победа над Словенија, што ќе ја однесе на првото место на табелата и ќе ја избегне Франција во четвртфиналето на СП.