Пелистерци утре ги пуштаат во продажба билетите за дуелот со ПСЖ

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер утре ќе ги пушти во продажба билетите за натпреварот против ПСЖ.

Пелистерци веќе ги загубија сите шанси за пласман во осминафиналето, па ќе посакуваат со поволен резултат да го завршат европскиот настап за оваа сезона.

Билетите по цени од 450 денари и 550 денари ќе се продаваат на стандардните места во Битола, како и онлајн на сајтот на Еурофарм Пелистер.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и ПСЖ ќе се одигра на 6 март во „Боро Чурлевски“, со почеток од 20:45 часот.

Ракометарите на Еурофарм Пелистер на 13 одиграни натпревари во ЛШ остварија три победи, а на две средби одиграа нерешено.