Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер вечерва против ПСЖ го игра првиот натпревар во новата сезона од Лигата на шампионите, а резултатот по 30 минути е 18:13 во корист за „светците“.
Битолчани одлично го стартуваа натпреварот и до 10 минита имаа активен резултат. По предноста на пелистерци од 4:3, избраниците на Гонзалез направија пресврт, односно серија од 4:0 и кон средината на првиот дел имаа плус три, 7:4.
Кризата во таборот на Еурофарм Пелистер ја прекина Цехте, кој намали на 7:5, но ПСЖ до крајот на првиот дел имаше резултатска контрола, најчесто водеше со три до четири гола разлика. До 20 минута, голманот на Еурофарм Пелисер, Филип Ивиќ, имаше четири интервенции, додека Андреас Паличка четири повеќе, односно осум.
Домашниот тим во последните пет минути од првиот дел речиси сите грешки на македонскиот претставник лесно ги казнуваше и лесно доаѓаше во позиција за гол, ја зголеми својата предност и на полувреме замина со плус пет, 18:13.