Тимот на Еурофарм Пелистер за првпат ќе се бори за трофеј на „Купот на пријателството“ што се одржува во турскиот град Болу.
Од 18:00 часот, вечерва, ривал на избраниците на Бранко Ангеловски ќе биде тимот на Мешков Брест, кој е актуелен шампион на Белорусија и славеше со АЕК Атина со 29-28.
Пелистерци вторпат се дел од ваква завршница, а по драматичниот натпревар со Чеховски медведи и победата со 26-25, обезбедија место во финалето.
Тренерот Бранко Ангеловски им даде шанса на сите ракометари да играат во полуфиналето и сите возвратија за укажаната доверба во текот на натпреварот.
Во битката за бронза ќе играат екипите на Чеховски Медведи од Русија и АЕК Атина од Грција. Битолчани минатата сезона беа дел од ист ваков турнир, но загубија од Веспрем и Војводина.
Битолчани го освоија трофејот на Струшкиот турнир минатиот викенд, па може да врзат две одличја за една недела.