Пелистерци од Кавадарци ја почнуваат одбраната на титулата, најголемото дерби кон крајот на септември

Денеска во просториите на Ракометната федерација на Македонија беше извршена ждрепката за новата сезона во Супер лигата.

Според извлечените натпреварувачки броеви, најголемото дерби меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер ќе се игра во 4, односно 15 коло.

Според календарот 4 коло ќе се игра на 28/29 септември, додека 15 коло е на програмата на 14/15 декември.

Битолчани ќе ја почнат одбраната на титулата со гостување кај Тиквеш во Кавадарци, додека Вардар ќе гостува во Автокоманда.

Супер лигата треба да стартува викендот на 7/8 септември, додека претходно ќе се одигра и натпреварот од Супер Купот меѓу Еурофарм Пелистер и „сино-белите“ од Автокоманда.

Супер лига, 2024/25, прво коло:

Алкалоид – Вардар
Радовиш – Охрид
Бутел Скопје – Куманово
Прилеп – Пролет
Тиквеш – Еурофарм Пелистер
Струга – Бисинов