Под водство на новиот тренер Рубен Гарабаја, шампионот Еурофарм Пелистер ги стартуваше подготовките за новата сезона.
Во првата фаза од подготовките ракометарите на Еурофарм Пелистер ќе се подготвуваат во Битола, а централната фаза ќе ја реализираат од 4 август на Златибор.
Таму ќе се бруси формата десет дена и ќе се одиграат првите контролни натпревари. По враќањето во Македонија, ракометарите на Еурофарм Пелистер ќе учествуваат на турнирите во Охрид (19-23 август) и Скопје (28-31 август).
Првите официјални натпревари Еурофарм Пелистер ќе ги одигра во септември. Супер Купот на Македонија против Вардар на 3 септември.