Пелистерци имаат три гола негатива на полувреме против Фуксе Берлин

Ракометарите на Еурофарм Пелистер губат на полувреме со 15:12 од бундеслигашот Фуксе Берлин од натпреварот од 13. коло во ЛШ. Домаќините во четири наврати во првиот дел имаа максимални плус шест (7:1, 11:5, 12:6, 13:7).

По неколку нереализирани напади на стартот, првиот гол на натпреварот го постигна капитенот на пелистерци Филип Кузмановски. На домаќините им требаше четири -пет минути да дојдат до првата реализација и преку ѕвездата Гидсел израмнија на 1:1.

Од тој момент, па до 10-та минута пелистерци беа без постигнат гол, а разиграните ,,лисици” постигнаа уште шест гола во низа за предност од 7:1. Митревски до средината на првиот дел имаше една интервенција, додека на спротивната страна Ласе две повеќе.

Македонскиот шампион некако успеа да излезе од кризата, реализираа Кузмановски и Павле Атанасијевиќ, па така битолчани намалија на минус три, 7:4. Предноста на домаќините во 15 минута беше 8:4 и до крајот на полувремето најчесто водеа со четири до пет гола разлика.

Кај Еурофарм Пелистер само тројца ракометари се запишаа во листата на стрелци во првиот дел. Филип Кузмановски имаше шест погодоци од осум обиди, а по три реализации имаа Павле Атанасијевиќ и Мохамед Шабиб.