Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер губи на полувреме од Динамо Букурешт со 13:12 натпревар од 12. коло од Лигата на шампионите.
Пелистерци го отворија натпреварот со голот на Домен Тајник, романците не нереализираа во првиот напад, а потоа Кузмановски погоди за 2:0. Динамо Букурешт првиот гол го постигна во 4 минута преку искусниот Кашпарек, кој намали на 2:1.
Избраниците на Алонсо дојдоа и до 4:1 по пет минути игра. Гостите казнија дел од грешките на македонскиот шампион, постигнаа два гола во низа и намалија на 4:3. Динамо Букурешт во неколку наврати имаше шанса да дојде до нерешено, но техниките грешки си го направија своето, домаќините повторно ка вратија предноста од воведниот дел, поведоа со 7:4.
Давид Дејвис мораше да побара минита одмор во 10 минута, а до 15 минута ниту една од двете екипи не успеа да реализира. Ракометарите на Динамо Букурешт како да беа изгубени до средината на првиот дел, немаа идеја во нападите, тешко доаѓаа до пробив и мораа да дадат повеќе од потребното.
По предноста на Еурофарм Пелистер од 9:6, гостите врзаа два гола во низа и намалија на минус еден, 9:8. Од тој момент започна големата борба, а составот на Дејвис во 25 минута конечно израмни на 12:12, потоа Вујовиќ му го донесе првото водство на гостинот, 13:12. Со овој резултат се замина и на полувреме.