Младинците на Еурофарм Пелистер денеска со почеток во 09:00 часот ќе го одиграат полуфиналето од Ф4 во Лигата на шампионите.
ЕХФ реши да го „премести“ овој турнир во Дормаген, град во близината на Келн, па само финалето ќе се игра во „Ланксес Арена“.
Ривал на пелистерци ќе биде данскиот ГОГ Гудме, кој успеа и со 13 ракометари во составот на квалификацискиот турнир во Германија, да ги совлада и Фуксе Берлин и Магдебург.
Во второто полуфинале ќе се сретнат младинците на унгарскиот Веспрем и шпанската Барселона, кои ќе играат од 11:30 часот.
Натпреварот за третото место е закажан за в недела од 09:00 часот исто така во Дормаген, додека финалето е во „Ланксес Арена“ од 11:30 часот.