Ракометарките на Пелистер со три бода се враќаат во Битола, откако славеа на гостувањето кај тимот на Шампион со 24-19.
Домаќинките одлично парираа во првото полувреме, водеа со три гола, 12-9, но до паузата примија три гола и беше нерешено, 12-12.
Избраничките на Слободан Чивлачки во ист ритам продолжија и во вториот дел, во 44. минута имаа плус два, 18-16.
Но попуштија во нападот кога најмалку требаше, не успеваа да реализираат десет минути, а казните стигнуваа на другата страна.
Битолчанки предводени од Наумовска направија серија од шест гола за 22-18, и до крајот само рутински ја одработија задачата.
Најдобра во тимот на Моника Талевска беше Наумовска со осум гола, а во тимот на Шампион, по четири гола дадоа Филипова, Ѓорѓиева и Димитриевска.