Ракометарките на Пелистер ја запишаа втората победа во Женската лига, откако славеа против Овче Поле Славјански Универзитет со убедливи 30-17.
Избраничките на Борче Корлевски по првиот дел го најавија победникот кога беше 14-9, а во второто полувреме само рутински ја одработија задачата.
Иако во финишот на првото полувреме црвен картон заработи Анастасија Дамјановска од битолскиот тим поради три исклучувања, но тоа не ги разниша домашните редови.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Јована Конева со седум и Наталија Дишковска со шест погодоци, додека во составот од Свети Николе се истакна Јована Ангеловска со осум гола.
Со новите бодови, сега битолчанки имаат четири и ја продолжуваат трката за место во плеј-офот од Женската лига.