Пелистер на шопинг во Прилеп

Тимот на Пелистер продолжува да го склопува играчкиот мозаик за претстојната сезона во која ќе биде дел од Супер лигата.

Второ ново име во битолскиот тим е средниот бек Невена Бундоска, која доаѓа од прилепска Деспина.

Претходно битолчанки се договорија и со Ана Стојчевска, организатор на игра што дојде од Младост Ресен.

Во Пелистер, кој минатата сезона го освои второто место во плеј-аутот, најавени се уште две интернационалки од Бразил.