Женскиот суперлигаш Пелистер продолжува со кроењето на ростерот за новата сезона и го официјализираше третото летно засилување.
Ново име во битолскиот состав е младата голманка Симона Спиркоска, која доаѓа од редовите на Астибо Штип и потпиша договор на една сезона.
18-годишната Спиркоска, која потекнува од прилепската ракометна школа, вистинската афирмација ја стекна токму во Астибо, каде се наметна како еден од најперспективните млади чувари на мрежата.
Пред неа битолскиот суперлигаш ги официјализираше трансферите на Невена Бундоска од Деспина и Ана Стојчевска, поранешна ракометарка на Младост Ресен.