Пелистер има старо-нов тренер

Женската екипа на Пелистер во продолжението од натпреварувачката сезона 2023/24 ќе биде предводена од старо-новиот тренер Адријано Котевски.

Прилепчанецот клупата на Пелистер ќе ја преземе од тренерската палка од Моника Талевска, која во првиот дел од сезоната го водеше битолскиот тим.

Управата на клубот реши за вториот дел да го врати Котевски на позицијата главен тренер, откако искусниот стратег во минатата сезона постигна забележителни резултати.

Тогаш Котевски го препороди Пелистер, го однесе во плеј-оф фазата и заедно со неговите избранички го освоија шестото место.

Пелистер регуларниот дел од тековната сезона го заврши со биланс од шест победи, едно реми и шест порази и во вториот дел ќе атакува на пласман меѓу најдобрите шест екипи.