Пеколни 40 дена во февруари и март за Еурофарм Пелистер, Вардар и Охрид!

Трите македонски претставници во Европа - Еурофарм Пелистер, Вардар и Охрид ги очекува пеколен февруари со „еден тон“ натпревари во сите конкуренции, а заедно со дуелите во март пред ЕХФ неделата ќе играат практично секој трет ден.

Првакот Еурофарм Пелистер ќе го почне пролетниот дел од сезоната со дуелот со „помалиот брат“, а ќе игра уште две средби од Супер лигата пред првиот предизвик во Лигата на шампионите и можеби најважната пресметка со Висла Плоцк.

Меѓу двата дуели со ГОГ Гудме и ПСЖ, пелистерци ќе имаат и натпревар од плеј-офот, со ривал кој може да биде и со Вардар или Охрид. На почетокот на март ќе се игра и групната фаза

Еурофарм Пелистер

07/02, Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер 2
11/02, Радовиш – Еурофарм Пелистер
14/02, Еурофарм Пелистер – Прилеп
19/02, Еурофарм Пелистер – Висла Плоцк
21/02, Куманово – Еурофарм Пелистер
25/02, ГОГ Гудме – Еурофарм Пелистер
28/02, Супер лига плеј-оф, 1 коло
04/03, Еурофарм Пелистер – ПСЖ
07-08/03, Куп на Македонија, групна фаза
11/03, Барселона – Еурофарм Пелистер
14/03, Супер лига плеј-оф, 2 коло
16-22/03 ЕХФ недела

Вардар ќе има три загревачки натпревари во Супер лигата пред важното гостување во Лисабон кај Бенфика, а меѓу тој дуел и оној со Мелсунген дома, „црвено-црните“ ќе гостуваат во Автокоманда кај тимот на Лазаров.

Три дена по средбата со Мелсунген ќе следува прва пресметка од плеј-офот, која исто така ќе биде значајна, а пак три дена по неа доаѓа Бенфика во Скопје на можеби одлучувачка средба за прогрес во Лигата на Европа.

Вардар

07/02, Вардар – Куманово
11/02, Бутел Скопје – Вардар
14/02, Вардар – Пролет
17/02, Бенфика – Вардар
21/02, Алкалоид – Вардар
24/02, Вардар – Мелсунген
28/02, Супер лига плеј-оф, 1 коло
03/03, Вардар – Бенфика
07-08/03, Куп на Македонија, групна фаза
10/03, Мелсунген – Вардар
14/03, Супер лига плеј-оф, 2 коло
16-22/03 ЕХФ недела

Охрид ќе стартува со две средби од Супер лига, пред првата европската пресметка, а меѓу двата дуели со чешката Дукла Прага од ЕХФ Купот , „гладијаторите“ ќе играат и со Бутел Скопје.

По тие две средби, следува натпревар со Пролет, па старт на суперлигашкиот плеј-оф, кој ќе биде многу значаен, а потоа и два меча од Купот на Македонија.

Охрид

07/02, Охрид – Прилеп
11/02, Куманово – Охрид
14/02, Охрид – Дукла Прага
17/02, Охрид – Бутел Скопје
21/02, Дукла Прага – Охрид
25/02, Пролет – Охрид
28/02, Супер лига плеј-оф, 1 коло
07-08/03, Куп на Македонија, групна фаза
14/03, Супер лига плеј-оф, 2 коло
16-22/03 ЕХФ недела