Денеска во Виена беше извршена ждрепката за Европското првенство за кадети што ќе се одржи во Србија.
Македонија ќе биде дел од групата А и ќе игра против селекциите на Франција, европскиот првак од 2024 – Шведска, како и силната Словенија.
Натпреварите ќе се играат во Белград од 29 јули до 9 август, а најдобрите две селекции од секоја група ќе обезбедат место во главната рунда.
Сите останати ќе разигруваат за опстанок во елитното друштво.
Европско првенство кадети, Србија:
група А: Македонија, Франција, Шведска, Словенија
група Б: Турција, Италија, Германија, Србија
група Ц: Израел, Чешка, Португалија, Хрватска
група Д: Црна Гора, Швајцарија, Унгарија, Исланд
група Е: Полска, Словачка, Данска, Норвешка
група Ф: Финска, Австрија, Шпанија, Фарски Острови
























