Пех за Вардар: Борозан нема да патува за Шведска!

Вардар го доби градското дерби против „сините од Автокоманда“ со 34-28, и веднаш после мечот имаат краток одмор пред да патуваат за Шведска на меч од третото коло во Лига Европа. Но, тренерот Иван Чупиќ нема да може да смета на Вуко Борозан кој на дуелот во „Јане Сандански“ се повреди.

Во 18 минута од средбата во напад во дуел со Стојковиќ, бекот на Вардар беше оттурнат и падна незгодно на раката. Мораше да интервираат и физиотерапевтите на домашните, а Борозан веднаш замина. Но, потоа се врати во игра, и го заврши мечот.

Тренерот Иван Чупиќ по мечот за 24Ракомет изјави дека хендикеп ќе биде непатувањето на Борозан за Шведска, но дека ќе мора да се приспособат и на тоа.
Во вторник Вардар во 18,45 часот треба да го игра мелот против Кристијанштад од 3. коло од групната фаза на Лига Европа.

Македонскиот тим е со две победи од првите две средби, а важно е дека триумфираа и во Франција кај Тулуз. Со бодови од Шведска, Вардар би бил со една нога во следната фаза од Лига Европа.