Левиот бек на Охрид, Теимураз Орјоникидзе, ќе биде надвор од терените најмалку до крајот на 2025 година.
Орјонокидзе се повреди на репрезентативниот натпревар меѓу Грузија и Грција, на кој неговата селекција се пласираше на ЕП 2026 година.
„Ударната игла во нападот на ГРК Охрид Теимураз Орјоникидзе заработи тешка повреда на предните вкрстени лигаменти која ќе го оддалечи од терените 7-9 месеци“, објави неговиот клуб.
Левиот бек ќе ја пропушти есенската полусезона, а многу веројатно нема да биде во комбинација за настап на ЕП.