Левото крило Давид Мандиќ, многу веројатно, ќе ги пропушти Олимписките игри во Франција, пишува „24Сата“.
Хрватите денеска го имаа собирот за првата фаза од подготовките, а Дагур Сигурдсон веднаш повика замена за Мандиќ.
Ловро Михиќ од полскиот шампион Висла Плоцк, кој беше меѓу резервите, ќе ги помине подготовките кои ќе се одвиваат во Прелог.
Мандиќ има проблеми со пубичната коска и не е познато колку време ќе биде надвор од ракометните терени.
Првата контрола на Хрватите ќе биде против Египет на 6 јули во Вараждин, а потоа ќе тестираат и против домаќинот Франција на 17 јули во Шарт.
Од претходно стана јасно дека Игор Карачиќ нема да игра на ОИ, бидејќи не се најде на скратениот список на Сигурдсон.