Петка за Павлов против Линц

Екипата на Ферлах, во која настапува интернационалецот од Македонија, Хари Павлов, загуби од Линц со 30:28 во натпревар од 6. коло од најквалитетното натпреварување во Австрија.

Тимот на Павлов иако имаше 16:14 на полувреме, во второто полувреме издржа до 40 минута и во останатиот дел немаше доволно сила за да дојде до поволен резултат.

Павлов одигра на солидно ниво, во мрежата на гостите имаше пет реализации и зад своето име запиша три асистенции.

Најефикасен во победничката екипа беше екс ракометарот на Тиквеш, Арнад Хамзиќ, кој постигна дури 10 погодоци.

Ферлах, моментално, се наоѓа во опасната зона за испаѓање, односно на 11. позиција со два освоени бода.