Тимот на Ферлах, каде што игра македонскиот интернационалец Хари Павлов, обезбеди место во осминафиналето на Купот на Австрија.
Ферлах го доби „македонскиот“ двобој во ова натпреварување против Холабрун, каде што играч-тренер е Влатко Митков со 30-26.
Победата беше обезбедена по првото полувреме, кога Ферлах успеа да поведе со четири гола, 18-14.
Павлов беше стрелец на два погодоци во победничката екипа, додека Митков постигна само еден гол.
Покрај Ферлах, место меѓу најдобрите 16 во Купот на Австрија обезбедија Линц, Грац, Тирол, Корнебург…додека екипите на Алпла Хард, Брегенц, Фиверс…директно имаат обезбедно место во осминафиналето.