Шпанскиот тренер Чави Пасквал во наредните четири сезони ќе биде тренер на унгарскиот шампион Веспрем.
Раководството на Веспрем смета дека Пасквал е вистинскиот човек што ќе им ја донесе толку посакуваната титула во Лигата на шампионите, а Шпанецот веќе ги „купи“ навивачите со една изјава за „Немзети Спорт“.
„Веспрем е најдобриот клуб во светот, затоа што е мој клуб. Треба да ни се приклучи уште еден ракометар, а би сакал да ги повикам и дел од младинците на тренинзи со првиот тим и ќе утврдиме дали некој може да ни помогне во иднина. Тие не мора да играат, но ќе тренираат со нас и ќе се навикнуваат на системот. Имаме одлични ракометари на сите позиции, но тоа не значи дека ростерот е целосно формиран“, вели Пасквал.
Веспрем ќе ги започне подготовките за новата сезона на 28 јули без ракометарите што ќе играат на Олимписките игри.