Унгарскиот гигант Веспрем утре ќе биде гостин во Битола кај македонскиот шампион Еурофарм Пелистер.
Веспрем во досегашниот тек од Лигата на шампионите на пет одиграни натпревари оствари четири победи, беше поразен само од Спортинг Лисабон.
Тренерот на Веспрем, Чави Пасквал, е претпазлив за утрешното соочување со пелистерци.
,,Еурофарм Пелистер играат поинаков систем во однос на минатата сезона, често играат 7 на 6, шутираат вешто од далечина, како што видовме на нивниот меч против Спортинг, кој беше неизвесен до последната секунда. Имаат многу добра одбрана, на голот е Митревски, кој многу му помага на својот тим со своите одбрани. Имаат добри играчи на бековските позиции, па не е лесно да се игра против нив. Мораме да се концентрираме, сакаме да ја одиграме својата игра, знаеме дека ова е многу важен натпревар за нив, тие играат дома, а тие се тимот кој е навистина добар на домашен терен. Нивните фанови создаваат навистина неверојатна атмосфер. Сигурно ќе ни биде тешко, но јас му верувам на мојот тим, сакаме да продолжиме по победничкиот пат, играјќи го стилот кој нѐ карактеризира во последните недели”, изјави Пасквал.
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Веспрем ќе се одигра во спортската сала „Боро Чурлевски“, со почеток од 20:45 часот.