Екипата на Војводина го совлада Партизан со 24-22 и го освои трофејот во Супер Купот на Србија пред стартот на сезоната.
Избраниците на Ѓорѓе Чирковиќ многу подобро го отворија натпреварот во преполната сала „Борик“ во Бања Лука и најавија дека ќе бидат рамноправен ривал на актуелниот шампион на Србија.
Со головите на Црноглавац, Партизан поведе со 4-1, но до полувремето тимот од Нови Сад успеа да се врати во игра, па дури и да поведе на паузата со 11-10.
Во вториот дел Партизан цело време „дишеше во врат“ на Војводина, но бековската тројка на чело со Милан Јовановиќ, кој беше избран за МВП, како и голманот Трнавац, не дозволија да се случи камбек на „црно-белите“.
Јовановиќ даде десет гола, а Николиќ шест за победничкиот тим, додека кај Партизан се истакнаа Црноглавац со девет и Котар со шест голови.