Европската ракометна федерација (ЕХФ) изрече строги казни за Партизан поради сериозни безбедносни пропусти на четвртфиналниот натпревар од ЕХФ Европскиот Куп против АЕК Атина, кој требаше да се одигра на 30 март 2025 година во Белград.
Мечот на се одигра бидејќи ракометарите на АЕК не сакаа да излезат на терен, по што мечот беше одложен и потоа се играше на неутрален терен во Бугарија. Грците триумфираа на пенали и се пласираа во финалето.
Одлуката ја донесе „ракометниот судот“ при ЕХФ, откако беа отворени дисциплински постапки заради сериозни безбедносни инциденти, штетите предизвикани од одложувањето на натпреварот, како и поставување на политички транспарент упатен против клубот.
Казни за Партизан се:
*Парична казна од 15.000 евра поради „непримерно и крајно опасно однесување“ на домашните навивачи.
* Забрана за присуство на публика на пет домашни натпревари во европските натпреварувања – од кои две се условни.
* Обврска да ги подмири сите трошоци поврзани со организацијата на одложениот меч.
* Дополнителна парична казна од 4.500 евра поради поставување на политички транспарент на трибините.
Клубот има право на жалба до Апелациониот суд при ЕХФ во рок од седум дена од објавувањето на одлуката.