Партизан го „врза“ Котар до 2027

Српскиот Партизан пред четвртфиналниот предизвик од Европскиот Куп и двомечот со АЕК Атина, објави дека го задржува еден од најдобрите ракометари сезонава.

Словенечкиот среден бек Миха Котар, кој дојде минатото лето од Словење Градец, потпиша нова соработка на две сезони.

Котар покрај Црноглавац е меѓу најдобрите ракометари на „црно-белите“ од Белград, ќе остане во Партизан најмалку до 2027 година.

Партизан оваа сезона има големи амбиции и ќе се обиде да ја симне Војводина од српскиот трон по долго време.