По 14 години Партизан го освои Супер Куп трофејот во Србија

Актуелниот српски првак, Партизан, го освои и трофејот во Супер Купот на северниот сосед на Македонија по пауза од 14 години.

Избраниците на Ѓорѓе Чирковиќ славеа против Војводина со убедливи 34-23, откако и на паузата имаа плус четири, 17-13.

Најдобри во составот на Партизан беа Станковиќ со осум и Црноглавац со седум гола, додека Трнавац запиша пет одбрани.

Кај Војводина се истакна идниот вардарец Воркапиќ со седум гола, додека екс вардарците Николиќ и Срдановиќ дадоа по два погодоци.