Прволигашот Партизан од Гевгелија во продолжението од тековната сезона ќе биде посилен со Никола Анакиевски.
Левиот бек на натпреварот против Астраион во рамки од 2. коло од прволигашкиот плеј-аут го имаше својот деби настап за својот нов клуб.
Анакиевски во минатата сезона ги засилите редовите на Аеродром и беше меѓу најзаслужните за обезбедениот пласман на клубот во Супер лигата.
Младиот ракометар во својата кариера играше и за младинските категории на Вардар, а потекнува од екипата на Делчево.
Клубот од најјужниот град во Македонија со новото засилување ќе атакува на едно од првите две места во плеј-аут фазата.